MKDNews.com

Писмо на Ван Гог и Гоген продадено за 210.000 евра

јуни 18
07:40 2020

Писмо, напишано заеднички од славните уметници Винсент ван Гог и Пол Гоген, во кое тие говорат за своите посети на борделите и своите впечатоци од таму, е продадено за 210.600 евра на аукција во Париз.

Наддавањето е организирано од „Аристофил колексион“.

Се говори и како тие двајцата сакаат да „ја преродат“ современата уметност и да создадат „здружение на уметници“… Писмото е потпишано од двајцата и е адресирано кон нивниот пријател Емил Бернар. Испратено е во средината на ноември 1888 година, речиси две години пред Ван Гог да почине на 37-годишна возраст.

Гоген есента пристигнал во Арл, каде што Ван Гог живеел, и двајцата минуваат неколку „бурни“ креативни заеднички месеци. Тогаш Ван Гог си го исекол своето десно уво.

Во писмото, Холанѓанецот вели дека тогашната уметност се движи кон „безгранична ренесанса“. Гоген пак, ја напишал последната страница, каде што пишува: „Не го слушајте Винсент. Како што знаете, тој лесно се мами”.

Французинот починал на Маркишките Острови 1903 година.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.