MKDNews.com

Брачен пар што пловел низ светот немал поим дека има пандемија од ковид-19

април 27
05:47 2020

Брачен пар кој пловел низ светот речиси еден месец немал поим дека е прогласена пандемија со ковид-19, пишува „Индепендент“.

Кога Елена Манигети (32) и Рајан Озборн (33) испловиле од Ланцароте, Шпанија, за да го преминат Атлантскиот Океан и да се упатат кон Карпискиот остров, Беквиа, на 28 февруари, ги замолиле нивните семејства да не им испраќаат лоши вести.

Во тоа време појавата на ковид-19 беше главно во Кина и Светската здравствена организација (СЗО) сѐ уште немаше прогласено пандемија.

Парот немал интернет додека пловел на 3.000 наутички милји низ океанот и 25 дена се потпирале на информациите што ги добивале преку сателитски телефон за ситуацијата со времето.

Но, на 25 март, неколку часа пред да стасаат во Беквиа, успеале да добијат сигнал за интернет на нивните телефони и прочитале дека вирусот се раширил низ целата планета.

Елена Манигети, која потекнува од Бергамо, Ломбардија, италијанската провинција која беше најпогодена од вирусот, за „Индепендент“ изјавила:

– Почитав за тоа и веднаш се слушнав со моето семејство да прашам дали некој од нив е заразен од вирусот. Сите се добри, иако некои семејни пријатели починаа. Тоа многу ме погоди. Бевме во целосен шок, ни паднаа вилиците.

Парот плови низ светот веќе три години. Тие решиле да дадат отказ од работа и да купат брод зашто се мачеле да ја исплатат куќата во Манчестер во која живееле, откако госпоѓа Манигети имала две операции поради рак. Тие испловиле од Фалмут, во Корнвал, на нивниот 11-метарски брод во март 2017 година. Досега посетиле девет земји. Парот ги документира патувањата на нивниот канал на Јутјуб, Sailing Kittiwake, а работи хонорарно веб дизајн и маркетинг.

Брачниот пар сега е во вкотвен во Беквиа додека мине пандемијата.

– Ќе седиме и ќе чекаме. Никој не знае кога ќе заврши пандемијата. Многу сме среќни што сме овде, многу сме благодарни – вели Манигети.

Извор: www.independent.co.uk 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.