Македонија поразена од Полска

Прв пораз за македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2020. Искусната и цврста Полска како гостин подобра од Македонија со 1-0.
Минимален пораз на најдобрата фудбалска репрезетација на Македонија во 3 коло од квалификациите за пласман на ЕП 2020. Искусната Полска вечервана добро популнетата Арена во Скопје ја казни единствената грешка на нашиот национален тим и стигна до многу вредни три бода од тешкото гостување во Македонија. Нововлезениот Криштоф Пјонтек одлично се снајде во мешаницата пред голот на Македонија на стартот на вториот дел и во 47 миунута го постигна единствениот гол на мечот,.
Силната Полска вечерва ни го нанесе првиот попраз во квалификациите по три одиграни кола и ја прекина нашата низа од шест триумфи на националната арена.
Избраниците на Ангеловски вечерва одиграа солиден меч пред добро пополнетите трибини имаа неколку изгледни прилики за гол. по ударите на Елмас Несторовски и Трајковски. Но, мрежата на Фабијански остана недопрена.
Црвено жолтите сега немаа многу време да тагуваат за минималниот пораз бидејќи во понеделник на нашиот најголем стадион го пречекуваат и вториот фаворит во групата одличната селекција на Австрија.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment