Марадона: Меси не е лидер, тој оди во тоалет 20 пати пред натпреварот

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Марадона уште еднаш гo критикуваше сонародникот Лионел Меси, велејќи дека ѕвездата на Барселона не е фудбалски бог.

Hапаѓачот на Барселона, Лионел Меси
„Меси е сосема поинаков играч кога го носи дресот Барселона, во споредба со аргентинската репрезентација.
Вистинскиот Меси игра само за Барселона. Меси е одличен фудбалер, но тој не е вистински лидер“, рече Марадона во интервју за „Фокс спорт“.
Марадона истакна дека се бескорисни обидите да се направи лидер од некој што пред почеток на натпревар оди во веце и по 20 пати.
Меси во текот на кариерата неколкупати има повратено за време на натпревар, а некои од аргентинските медиуми пишуваат дека тоа знае да му се случи и пред натпревар.
Пред неколку години, неговиот татко изјави дека причината за тоа е стрес и желудочни проблеми.
„Некој кој толку многу пати оди во веце пред натпревар, не може да биде лидер“, истакна Марадона.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment