MKDNews.com

Повеќе од половина од жртвите во Орландо биле Порториканци

Повеќе од половина од жртвите во Орландо биле Порториканци
јуни 14
06:53 2016

Повеќе од половина од жртвите во ноќниот геј клуб во Орландо на Флорида се по потекло од Порторико- изјави заменикот на државниот секретар на порториканската влада Роландо Падуа.

June 12, 2016: A gunman killed 50 people and injured 53 in a crowded gay nightclub in Orlando, Florida, before being shot dead by police, authorities said, in what appeared the deadliest mass shooting in American history. REUTERS/Steve Nesius

– Како што сме известени, 90% од жртвите се од латиноамериканско потекло, а повеќе од половината се Порториканци – изјави Падуа за Ројтерс.

 

Падуа додаде дека наскоро ја очекуваат официјалната листа на жртвите.

Во најмасовното убиство извршено со огнено оружје во историјата на САД, загинаа 49 а ранети беа 53 лица.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.