MKDNews.com

Обама: Нема цврсти докази дека нападот во Орландо е планиран надвор од САД

Обама: Нема цврсти докази дека нападот во Орландо е планиран надвор од САД
јуни 14
07:26 2016

Досега нема цврсти докази дека терористичкиот напад во Орландо е замислен и “управуван” надвор од САД. Ова го изјави претседателот Барак Обама.aattp-obama-
Во неделата Омар Матин, син на авганистански имигранти, застрела 50 лица и рани 53 откако отвори оган во геј бар. Ова е најголемото масовно убиство во историјата на САД. Според Обама, кој прецизира дека истрагата е во рана фаза, Матин имал пристап до “различна екстремистичка информации” на интернет. Претходно најверојатен кандидат за претседател на Републиканската партија Доналд Трамп го критикуваше Обама и изјави дека актуелниот шеф на државата треба да поднесе оставка, бидејќи не го видел “радикалниот ислам” како причина за нападот.
Пред да го изврши атентатот Матин во повик до полицијата изјавил припадност кон “Исламска држава”. Денес од групата со задоцнување исто го препознале како “воин на калифатот”. Поранешната жена на атенаторот го опиша како нестабилен човек со тежок карактер, кој во еден момент сакал да стане полицаец.
Во САД секоја година од прострелни рани загинуваат над 10 000 лица. Во 2015 година. масакрите во Америка беа повеќе од деновите во годината. Претседателот Обама во рамките на својот мандат презеде различни мерки за воведување на поголема контрола врз поседувањето на оружје во земјата, но во голема мера овие негови намери беа блокирани од Републиканската мнозинство во законодавните тела. Трамп веќе изјави за својата намера да си го брани правото на слободно поседување оружје, гарантирано од втората измена во Уставот на САД

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.