MKDNews.com

ИСИС ја презеде одговорноста за убиствата во Орландо

ИСИС ја презеде одговорноста за убиствата во Орландо
јуни 13
06:56 2016

Исламската држава ја презеде одговорноста за масакрот во Орландо – јави Ројтерс. Злосторот го изврши Американец со авганистанско потекло, Омар Матин (29) кој е убиен од полицијата.

„ Оружениот напад на ноќниот гел клуб во Орландо во Флорида кој остави над 100 мртви и ранети го изведе борец на ИСИС – пренесе Ројтерс повикувајќи се на вест на новинската агенција на ИСИС.575d97d1e4b06384a42aea6a_o_F_v1

Омар Матин кој уби 50 и рани 53 лица, се заколнал на верност на ИСИС пред масакрот – потврди ФБИ.

Специјалниот агент на ФБИ Роналд Харпер изјави дека убиецот бил под истрага поради врска со бомбаш самоубиец, но во текот на истрагата против него не биле собрани докази – пренесе Франс прес.

Хопер изјави дека за време на нападот Матин не бил следен.

Според зборовите на агентот на ФБИ, Матин минатата недела купил најмалку две парчиња оружје. Пред нападот се јавил на 911 и во повикот ја спомнал ИД, Тој повик е дел од истражниот материјал.

Во Орландо е воведена вонредна состојба по нападот на ноќен клуб во кој загинаа 50 а повреднеи се 53 лица, меѓу кои има повредени во критична состојба.

1 Comment

  1. Milica Atanasova јуни 13, 07:04

    zzaradi idiotskioot um na politicharite ke gine nevin narod. Vinata ne e v ISIS tuku kaj umobolnite lideri koi sakat da bidat gospodari na svetot, pomokni i od boga.

Only registered users can comment.