MKDNews.com

Алигатор одвлече двегодишно дете во езеро во Орландо

Алигатор одвлече двегодишно дете  во езеро во Орландо
јуни 15
18:26 2016

Полицијата во Орландо во  американската држава Флорида трага по двегодишно момченце кое алигатор го одвлече во езерото во близина на ресортот „Disney’s Grand Floridian Resort & Spa“, јавуваат агенциите во средата, додека некои филијали, како руската, на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) сметаат дека животното се наоѓало во своето природно живеалиште и оти виновници за трагедијата се родителите на детето.

image

Момченцето било на брегот пред хотелскиот комплекс „Disney’s Grand Floridian Resort & Spa“, на територијата на познатиот парк „Disney World“, каде што петчленото семејство дошло на годишен одмор, кога алигаторот го одвлекол во водата на едно од најпознатите тамошни езера „Лагуна на седумте мориња“(Seven Seas Lagoon).

Таткото на детето влегол во водата и безуспешно се обидувал да го истргне од челустите на грабливецот и притоа изјави шерифот Џери Демингс. По момченцето продолжуваат да трагаат повеќе од педесет полицајци и експерти за диви животни, додал.

„Grand Floridian“ е луксузен ресорт во сопственост на компанијата „Disney“ и се наоѓа во близина на тематскиот парк „Magic Kingdom“.

Алигаторите живеат ширум Флорида и претставуваат важен дел од екосистемите на мичуриштата, реките и алигаторите. Од 1948 година овие животни во оваа американска сојузна држава убиле 48 луѓе, велат стручњаците.

„Да се бара вина кај животното е тешко, неговото однесување се манифестира според карактеристиката на видот. Да се бара да се убие во овој случај не е исправни, тој не е мечка човекојадец. Алигаторот не се настрвил специјално на луѓе, тоа е неговото природно живеалиште и тој бара храна. Доколку во водата би влегло куче или друго помало животно, и со него би се случило истото“, вели координаторот на проектот за зачувување на ретките видови на Светскиот фонд за дивиот свет (WWF) на Русија Наталија Дронова.

Според неа, алигаторот нападнал нешто за што сметал дека е лесен плен, како мали животно. Дронова вели дека, исто така, не треба да се обвинуваат ниту вработените во паркот, бидејќи на езерото имало табли со предупредување. „Сега тоа може да се прогласи за опасна област, доколку предупредувањата не се доволни“, смета.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.