Змија отровница долга 2 метри се шета низ скопски Аеродром (фото)
Жителите на скопската населба Стар Аеродром биле преплашени од Змија со жолти риги долга повеќе од два метри каде што била забележана влечугата.Летово имало неколку повици дека биле забележани змии и во други скопски населби и села, Kисела Вода, Тафталиџе, Соње, пишува Дневник.
„Се шокирав кога шетајќи се со колешката по булеварот Јане Сандански кај „Тобако 1“, околу 21.30 часот здогледавме змија во ќош од една зграда, на само неколку метри од патеката каде што постојано поминуваат луѓе, често и деца и бебиња во количка, за кои таа е можна опасност. Змијата беше долга најмалку два метра, со жолти риги, а ние веднаш се оддалечивме. Не знаевме дали да пријавиме во полиција или во Зоолошка градина “,вели Д.М., 50-годишна жителка на Стар Аеродром.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment