Жител на Велешта киднапирал и пукал во соселанец
Поради постоење основи на сомнение дека со умисла е сторител на едно казнено дело против животот и телото и предизвикување огнострелна повреда, полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на едно лице од Велешта.
Насилникот, во текот на вчерашниот ден околу 18 часот во близина на хотел во Велешта, со огнено оружје пиштол му нанел огнострелна рана на А.А.(25) од Велешта предизвикувајќи ми тешки повреди во пределот на градниот кош. Веднаш потоа, тој избегал од местото на настанот.
Полициската станица од Струга, по наредба на истражен судија од основниот суд во Струга, утрово изврши претрес во неговиот дом во Велешта. Се преземаат интензивни мерки за негово пронаоѓање како и мерки за утврдување на причините за казненото дело. Истиот како и сега тешко повредениот се лица познати на службата против кои, по разни основи биле поднесувани кривични пријави.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment