Жестоки престрелки во трговскиот центар во Најроби (видео)
Жестоки престрелки и експлозии се слушнаат во трговски центар во Најроби каде што милитантите држат голем број на заложници.
Шеесет и осум лица се убиени, а повеќе од 170 се повредени по нападот почна во саботата.Меѓу 10 и 15 напаѓачи од разгранокот на Ал-Каеда од Сомалија Ал-Шабаб – се уште внатре во трговскиот центар, јавува Cnn.
Кениската армија продолжува со борбите против исламистичките милитанти забарикадирани во еден трговски центар во Најроби, откако синоќа соопшти дека се спасени „повеќето“ од заложниците што беа држени во центарот.
Кениската армија соопшти дека ја презела контролата врз најголемиот дел од објектот. Не е соопштено колкумина заложници биле држени и колкумина се ослободени. Меѓу загинатите има државјани на Велика Британија, Канада, Кина, Франција, Индија и Холандија.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment