Жената што била извадена од Вардар била психијатриски случај
Жената која била извадена од Вардар најверојатно не паднала ниту скокнала од мостот, туку се претпоствува дека сама влегла во водата од каде што била сапасена. Сеуште не се знае дали се работи за обид за самоубиство. 47 годишната жена со иницијали В.Т. влегла во Вардар најверојатно под мостот по што била забележана од момчето кое се втурнало во водата по неа.
МВР за НОВА потврди дека жената која била пациентка на Психијатриската болница во Бардовци и откако ќе се стабилизира нејзината состојба во Ургентниот центар, ќе биде испратена екипа од болницата да ја врати назад.Несреќата се случила во моментот кога градоначалникот Коце Трајановски давал изјава околу 10 часот, а идентитетот на момчето кое ја спасило В.Т, СВР Скопје не го соопштува.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment