MKDNews.com

Здравствената состојба на Кили се влошува

септември 12
22:22 2013

Една од поактуелните теми во македонските медиуми во изминатите неколку денови е апсењето на Кирил Поп Христов, или попознат како Кили, а според последните информации, откако претходно беше објавено дека има тумор, неговата здравствена состојба се влошува.Македонскиот дневен весник Вест ја пренесува информацијата за влошената состојба на Кирил Поп Христов – Кили, како и тоа дека неговиот адвокат поднел барање за итна промена на решението за притвор со мерка домашен притвор. 

image

Владимир Данаилов, адвокатот на Кили, како аргумент за ова барање поднел медицинска документација со која се докажува дека здравствената состојба на актерот е сериозно нарушена и дека му е потребно итно лекување. “Го посетив Кили во затвор и се уверив дека неговата здравствена состојба е исклучително влошена. Врз основа на лекарските наоди, актерот има туморска лезија со суспект на канцерна алтернација на грбот. Волуменот на израстокот на грбот е зголемен, односно туморот прогресирал. Дополнително е што има хепатит Ц и оток на црниот дроб, што уште повеќе ја влошува неговата здравствената состојба. А има и скршеница на едната рака и потребно е да се извади гипсот. Сето ова е повеќе од доволен аргумент дека на Поп Христов му е потребна итна болничка нега”, изјавил Данаилов за Вест. 

Тој го искажал и својот став дека во предметите за дрога истрагата завршува релативно брзо, па се надева и дека евентуалниот обвинителен акт актерот ќе го дочека во домашни услови. Кили беше уапсен минатиот петок, откако беше откриено дека во подрумот од својата викендица во Визбегово одгледувал околу 80 саксии марихуана, а подоцна беше соопштено дека нивниот број сепак бил помал. 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment