Заради ова видео престанале да пушат 200.000 луѓе (видео)
Центарот тврди дека овие филмови од 2012 година, на сите пушачи заедно им спасиле повеќе од 300.000 години живот.
Својата прва национална анти-пушачка едукациска кампања американската влада ја нарече огромен успех. Заради филмовите под заеднички наслов “Совети од поранешни пушачи”, емитирани три месеци во 2012 година, од Центарот за контрола на болести и превенција, пристигнале податоци дека со пушење престанале повеќе од 200.000 луѓе, пишува Business Insider.
Филмовите во кампањата ги прикажуваат бруталните последици од пушењето кои ги имале поранешните пушачи, кои ги советуваат гледачите да престанат да пушат пред да биде предоцна. Веќе се работи на нови филмови кои ќе се прикажуваат во пролетта која доаѓа.Центарот тврди дека овие филмови од 2012 година, на сите пушачи заедно им спасиле повеќе од 300.000 години живот.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment