MKDNews.com

Започнуваат археолошки истражувања во Љубаништа кои нема да значат одлагање на проектот на Субрата

септември 17
19:59 2013

Наскоро треба да започнат археолошки истражувања во „Љубанишко поле“. Од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, моментално работат на чистење и обележување на теренот.

tanja_p.bДиректорот на Завод и Музеј Тања Паскали – Бунташеска информира дека сеуште се чека од Министерството за култура да одобрат средства а дури потоа да се обезбеди дозвола од Заводот за заштита на спомениците на културата за археолошки истражувања. За да се направат заштитно конзерваторски основи, неопходно е двата евидентирани локалитети Раица Манастириште и црквата Света Богородица да се ископаат за да се утврдат границите.

По евидентирање на тие градби може да се започне со урбанизација на просторот и со градба. Моментално, се кастрат нискостеблести растенија и се обележува просторот, но нема никакви конкретни активности, потенцира директорката Бунташеска.

Од Локалната самоуправа од Охрид, не веруваат дека активностите би значеле одлагање на реализација на планираниот проект на Субрата Рој во Љубаништа.

proekt.субрата„Она што можам да ви го кажам е дека состаноците на координативната група формирана во Владата на Република Македонија, континуирано ги разгледува сите аспекти околу инвестицијата на Субрата Рој. Оној одговор со кој ние респолагаме како Локална самоуправа е дека ќе врши Завод и Музеј определени истражувања, но во моментов немам податок дека тоа би значело одлагање на реализаицја на проектот. Јас мислам дека тоа не би довело до одлагање на проектот, односно истиот се одвива согласно предвидената динамика“ вели секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески.

Инаку на овие простори планирана е изградба на огромниот туристички комплекс, „Сахараја Македонија“, кој според зборовите на градоначалникотна Охрид, Никола Бакрачески „доколку се оди во најдобар ред, би требало да биде завршен до 2020 година“.

Извор: ТВМ

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.