MKDNews.com

Започнува Есента

септември 22
10:18 2013

Вечерва во 22 44ч по средноевропско време, започнува есента. Денот и ноќта ке бидат подеднакви . На северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица, таму почнува пролетта.
Есента ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути. Тогаш на северната полутопка почнува зимата и овој ден е познат зимска краткоденица. Значи од недела, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа. Изминатвово лето во Македонија и на Балканскиот Полуостров беше просечно топло и доста поладно од лани. Максималните температури само неколку пати се приближија или надминаа 40 степени. Сепак, во светски рамки дури и ова лето беше меѓу потоплите во последните децении.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.