MKDNews.com

Западот формира мини Југославија?

септември 19
19:48 2013

Западот сака со формирање на Г6 на Балканот, да го неутрализира настојувањето на Русија во целост да го преземе пазарот со енергенси во овој дел од Европа, пишува  “Pravda.rs”

Иницијативата за формирање на Западнобалканска шесторка Г6, која подразбира институционализирана соработка на Македонија, БиХ, Србија,Косово и Албанија во контекст на европските интеграции, за сега ги привлече и вниманието на Словенија и Хрватска иако тие веќе се членки на ЕУ.Бидејќи балканскиот сојуз кој веќе доби поддршка од Брисел и Вашингтон подразбира заеднички парламент и полиција БАЛПОЛ, заеднички пазар на работа, образование и здравствена заштита.Приказната за новиот балкански сојуз официјално започна на средината на јуни, кога Министерството за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора достави до Министерството на БиХ предлог за нов концепт од регионална соработка на земјите на Западен Балкан, кој е наречен западнобалканска шесторка Г6. Во идниот сојуз повикани се Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.