MKDNews.com

Заложничка драма во Кенија продолжува 59 мртви, над 175 повредени (видео/фото)

септември 22
18:32 2013

Во заложничката драма која трае повече од 24 часа има 59 мртви, и над 175 ранети ,јави си-ен-ен. Ова е досегашниот епилог од заложничката драма во луксузниот трговски центар „Вестгејт“ во кенискиот град Најроби. Официјални преставници на кениската полиција, велат дека во зградата е забарикадирана група од 15тина вооружени напаѓачи на мета кои држат околу 30 заложници. Кениската војска и полиција, ја опколија зградата и внимателно ја пребаруваат петкатницата. Сведоци на крвопролевањето говорат за стравот и теророт што го преживеале:

– Се обидовме да избегаме но тие фрлија граната. Парчиња стакло од продавницата ми влегоа во раката и ногата.

– Бевме во гаражата кога слушневме експлозија на граната. Сопругата ми рече – те молам да бегаме, изгледа е терористички напад.

– Видов силен, крупен човек, кој беше арап, а не сомалиец. Имаше пушка.

Екипи на медицинската помош во координација со кениските вооружени сили ги евакуираат повредените, кои веднаш ги транспортираат во локалните болници.

– Успеавме да евакуираме повеќе од 30 повредени, од кои 15тина се со потешки повреди. Некои од нив се во шок. Пренесени се во болница.

Кенискиот претседател Ухуру Кенијата изјави дека меѓу загинатите има и членови на неговото семејство.
Одговорноста за нападот ја презема милитантната група Ал Шабаб, сомалиски огранок на Ал Каеда, кои потврдија дека акцијата во Најроби е одмазда за упадот на кениската војска во Сомалија во 2011 година.
Вчерашниот напад е најсмртоностниот терористички напад во земјата по оној во 1998 година, кога членови на Ал Каеда, ја кренааа во воздух американската амбасада, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.


[print_gllr id=18468]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.