MKDNews.com

Загинаа тренерот и менаџерот кошаркарски клуб Ѓер

септември 07
21:53 2013

Голема трагедија ја потресе унгарската и европската јавност. Автобусот со кој патувала целата екипа на женскиот кошаркарски клуб Ѓер бил дел од сообраќајна несреќа, по што две лица загинале, а има и повредени членови на експедицијата.
Како што неофицијално пренесуваат унгарските медиуми, возачот на автобусот се обидел да избегне автомобил кој возел во спротивен правец, по што следувала стравичната несреќа во која починале тренерот Акош Фузи и тим менаџерот Петер Таподи.
Екипата патувала во Шопрон каде требало да одигра пријателски натпревар, а покрај тоа што кошаркарките се вон животна опаност, неофицијално на Србинката Наташа Ковачевиќ и е ампутиран дел од ногата.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.