MKDNews.com

Загинаа две млади сестри заедно (фото)

септември 16
22:26 2013

Сестрите Маријана Враниќ(23) и Драгана Петровиќ(19), во саботата околу 3.30 трагично настрадале во сообраќајна несреќа во центарот на Крагуевац враќајќи се од прославата на роденденот на Маријана. Тие денеска ќе бидат погребани на селските гробишта во Ердеч.

-Нема зборови кои можат да не утешат. Само бол и тага. На последното нивно патување ќе ги испратиме заедно. Заедно го поминаа детството, заедно пораснаа, се радуваа на успесите, заедно славеа родендени, заедно починаа. Ковчезите со нивните тела пристигнаа заедно во домовите на семејствата Враниќ и Петровиќ. Ќе бидат погребани во селските гробишта една покрај друга и во вечното почивалиште да бидат една покрај друга, вели Милун Петровиќ, чичко за загинатите девојки.

Во страшниот судир помеѓу автомобилот „ауди„ во кој биле петте девојки и „фијат„ со кој управувал Иван К. од Крагуевац, загинале само Маријана Враниќ и Драгана Петровиќ. Нивната другарка Јована Продановиќ и понтаму е во критична состојба, скршени и се и двете нозе и карлицата, а отстранета и е и слезинката.

После три хируршки интревенции кои и се направени во саботата, таа е за нијанса подобра, но сепак лекарите нејзината состојба ја оценуваат како критична. Повредената девојка е под постојан надзор од лекарите на интензивна нега во Центарот за анестезија и реанимација –соопшти портпаролот на Клиничкиот центар.

audi

На родената сестра на Драгана , Татјана Петровиќ никој не се осмелува да и ја соопшти веста дека ја изгубила сестрата засекогаш.

-Тања и понатаму е во изолирана соба во Ургентниот центар и никој освен лекарите и дежурните сестри не ја поосетува. Ни на нејзината мајка не и е дозволено да ја посети бидејќи нејзините солзи ќе ја откријат страшната вистина. Нема да биде ни на погребот бидејќи тоа и за неа и за родителите ќе биде страшен шок, соопштува нејзиниот чичко.

Петата девојка која исто така била во автомобилот, Невена е исто така во Ургентниот центар, но таа е полесно повредена.

Уапсениот Ивица К., кој како што соопштила полицијата возел во истиот правец со колата во кој биле и девојките е осомничен дека со нагло свртување на лево ја предизвикал несрќата. Тој сега е во шок и не и давал на полицијата никаква изјава. Веднаш после несреќата е констатирано дека немал алкохол во крвта.
(исвор Курир.мк)

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.