MKDNews.com

Заев: Нека ме апсат, Не им се плашам!- ,ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев не треба да се плаши (видео)

септември 22
18:49 2013

zaev-21-Се што е спроведено во општина Струмица е согласно законот и апсолутно не постои ниту една грешка, изјави денеска лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев коменитрајќи ги обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ за семејните фирми.

– Уште еднаш повикувам, ако има нешто нечесно, нешто незаконски, веднаш да поднесат кривични пријави и да ме апсат, рече Заев, кој денеска беше во посета на Неготинскиот панаѓур.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да држи прес-конференции, доколку тој е огрешен пред законот.

– Се обидуваат да зборуваат за чест и морал мој и на моето семејство. Фирмите на Заеви вработуваат 800-тини луѓе. Познати се како најголеми донатори во регионот, а и пошироко во Македонија, изјави лидерот на СДСМ.

Според него, проблем во државата е владеењето во последните осум години, а премирот ќе мора да даде одговори на крупни прашања.

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев не треба да се плаши, туку треба да се срами

g_vmro-dpmne-Зоран Заев не треба да се плаши, туку треба да се срами. Доколку некој ја збогати фамилијата со пари и тендери, треба прво да се засрами, а не да се плаши.

Ова го наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјавата на лидерот на СДСМ Заев во која тој вели дека се што е спроведено во општина Струмица е согласно законот и повикува ако има нешто нечесно и незаконски, веднаш да му поднесат кривични пријави и да го апсат.

– Г-дине Заев, смешно е и срамота е да глумите некаков херој и да изјавувате дека не се плашите, прикажувајќи се себеси за херој, кога никој не Ве прашува за тоа дали се плашите. Не треба да се плашите, треба да се срамите зошто злуопотребувајќи ја функцијата Градоначалник, ги наполнивте со тендери целата Ваша потесна и поширока фамилија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.