MKDNews.com

Заев :Дали е непотизам назначувањето на Вашиот прв братучед Сашо Мијалков за директор на ДБК? (видео)

септември 17
15:36 2013

„Кратко и јасно дека нема непотизам и нема никакви судири на интереси во општина Стримуца, каде тендери добиле и пратеници и советници на ВМРО – ДПМНЕ“, истакна денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев, по обвинувањата за непотизам од страна на владеачката ВМРО – ДПМНЕ дека тендери добиле татко му и чичко му од општина Струмица чиј градоналчалник е Заев.

Заев го праша премиерот Греувски:

– Дали е непотизам назначувањето на Вашиот прв братучед Сашо Мијалков за директор на ДБК?

– Дали со ваквата поставеност на Мијалков му овозможивте да има неконтролирана моќ, да сее страв и трепет во државата?

– Дали Сашо Мијалков е создавачот на Вашата криминална олигархија која според некои проценки има стекнато личен капитал во вредност од фантастични една милјарда евра?

– Дали во овој случај Никола Груевски и Сашо Мијалков имаат судир на интереси и заеднички семеен бизнис интерес?

– Дали е непотизам и судир на интереси господине Груевски назначувањето на другиот Ваш братучед, братот на Сашо, Влатко Мијалков за советник на директорот на македонската царина, со задолжение во име на фамилијата да ја организира и контролира целокупната трговска размена на земјава?

– Дали господине Груевски поставувањето на Вашиот кум, Зоран Ставревски, за газда и трошач на парите на граѓаните по Ваша и наредба на братучедот Мијалков е нормална практика, или тоа е невиден скандал?

– Дали Вие, Мијалков и Ставревски сте мозокот на операцијата во која последниве 7 години се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови? Ова е грабеж од епски размери што го разори македонското стопанство, ги упропасти домашните компании, а на граѓаните им натовари тешка сиромаштијата?

Господине Груевски, осма година ја водите државата, 12 години сте
власт во Македонија. На овие, но и на многу други прашања ќе морате да одговорите. Кога – тогаш.

Претседателот на опозиционата СДСМ Заев го повика денеска Груевски на ТВ дуел.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment