За прв пат без македонска паралелка во тетовското текстилно училиште
По шест децении училишните клупи во средното текстилно училиште „Ѓоце Стојчески Амбарче“ во Тетово, каде се следеше настава на македонски јазик, останаа празни. Во оваа образовна установа не се запиша ниту еден Македонец во предвидената парарелка за конфекциска насока, вели директорот на училиштето, Абаз Абази. Тој изјави дека новонастаната состојба ќе предизвика проблеми со наставниот кадар, но уверува дека сите вработени ќе останат на работа.
Проблемот со намалување на новозапишани ученици е застапен и кај Албанците, вели директор Абази. Лани во овој период имало околу 300 запишани средношколци на албански наставен јазик, годинава нивната бројка изнесува 126. Абази лоцира неколку причини за намалувањето на учениците. Една од нив е преголемиот број парарелки кои се отвораат во општите, на сметка на стручните средни училишта.
И во останатите стручни училишта во Тетово, бројката на запишани средношколци е намалена, за разлика од тетовската Гиманзија „Кирил Пејчиновиќ“ каде се пополнети 25 парарелки со средношколци.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment