За малку ќе го прегазеше воз ,од невнимание (видео)
Невниманието на еден пешак, кој ја преминувал пругата во Квинсленд, Австралија за малку ќе настрадал.
За дел од секундата тој го избегна брзиот воз што доаѓал, а сето тоа е снимено од надзорните камери во австралискиот град Бризбејн се случил инцидент.Пешак што ја преминувал пруга иако рампите биле спуштени и без да провери дали доаѓа воз ,го делеле сантиметри од сигурната смрт но ,возот го забележал во последен момент и веднаш скокнал настрана.
Локалните медиуми пишуваат дека се работи за 20-годишно момче, кое ја запоставило рампата и звучните сигнали за предупредување. Возот што доаѓа се движел со брзина од 60 километри на час.
Министерот за транспорт на австралиската држава Квинсленд, Скот Емерсон, истакнал дека луѓето на тој начин непотребно се изложени на опасност и се играат со сопствените животи.
“Мора да биде испратена пораката дека луѓето што си играат руски рулет со сопствените животи, секогаш губат. Тоа е реалноста”, изјавил Емерсон.Жената што го возела возот била толку вознемирена поради настанот, што морала да земе слободен ден, пишуваат локалните медиуми.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment