MKDNews.com

За Грците, малтретирањето на македонски граѓани од „Златна зора“ е изолиран инцидент

септември 18
14:56 2013

Пратеничката на грчката опозициска партија Демократска левица Марија Јанакаки, по речиси еден месец најпосле доби одговор на нејзиното пратеничко прашање до министрите за надворешни работи и за цивилна заштита дали планираат да ги казнат оние кои малтретираат македонски граѓани и ги оштетуваат нивните возила на грчката граница.

Јанакаки за ова дискутираше во грчкиот Парламент при што истакна дека членови на неофашистичката партија „Златна зора“  вршат недозволени контроли на возила на границата и дистрибуираат расистички и националистички материјали.-Се оштетуваат возила, на Интернет се објавуваат фотографии и видеа во кои членови на Златна зора учествуваат во илегални проверки на возила. Од фотографиите лесно може да се идентификуваат сторителите, изјави тогаш Јанакаки.Министерот за надворешни работи и вицепремиер Евангелос Венизелос, во кусиот одговор до пратеничката на Димар вели дека се работи за „изолиран инцидент кој грчката Влада не го одобрува“.

Во вообичаен стил, тој повторно ја обвинува „македонската Влада и провладините медиуми дека создаваат националистичка и непријателска клима кон Грција“.Според министерот за цивилна заштита, пак, Никос Дендиас, на 21 јули годинава на двата гранични премини кон Македонија „се одржале собири на членови на неколку организации и една политичка партија при што немало нереди и нарушување на јавниот ред и безбедност“.

Во својот писмен одговор Дендиас тврди дека немало нелегални контроли и предизвикана материјална штета на на возилата кои влегуваат од Македонија и додава дека надлежните органи ги презеле сите мерки за да се спрчи секакво прекршување на јавниот ред и мир.И македонското Министерство за надворешни работи на 31 јули му упати вербална нота на шефот на грчката канцеларија за врски во Скопје, Харис Лалакос, поради зачестеното оштетување возила со македонски регистарски таблички на територијата на Грција. Во вербаланата нота беше искажан протест и за истиот инцидент од 21 јули на македонско-грчките гранични премини кога имаше екстремно националистичка иконографија проследена со упатување навреди, закани и речник на омраза кон македонските граѓани. Но, иако на територијата на Грција досега се оштетени повеќе од 65 возила на македонски државјани, ниту една државна институција на Грција се уште нема преземено ништо, ниту одговори на македонскиот демарш.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.