Yahoo го претстави новото лого (видео)
По речиси едномесечната потрага по ново лого во која секојдневно беа менувани 29 фотографии на почетната страна на Yahoo, компанијата конечно го претстави новото лого. Компанијата во изминатите 30 дена под мотото „30 дена промени“ работеше на своето ново, а сега веќе актуелно лого. Новото лого веќе го замени претходникот и се појавува на сите страни во сопственост на Yahoo. Редизајнираното лого не е кој знае колку подраматично од претходното, можеби е само почисто и потенко, и најверојатно нема да биде кој знае колку забележано од посетителите на Yahoo сервисите. Подолу е видеото со кое Yahoo го објаснува процесот на креирање на логот.
„Сакавме лого кое ќе остане верно на корените на компанијата (каприциозно, виолетово, со извичник), но и да ја означува еволуцијата на нашите продукти.“, објаснува Yahoo.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment