Во Вуковар искршени двојазичните табли (видео)
септември 02
21:56
2013
Во Вуковар утрово беше поставена првата двојазична табла на зградата на полицијата, а потоа такви табли беа поставени на другите државни згради, но за кратко време истите беа искршени. Стотина граѓани со чекани ја искршија двојазичната табла поставена на Даночната управа во Вуковар, а потоа се упатија кон полициската зграда. Претставниците на Здружението за одбрана на хрватскиот јазик во Вуковар истакнаа дека се борат против воведување на кириличното писмо и оти ќе ги отстранат сите табли.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment