MKDNews.com

Во тешка сообраќајна несреќа на стариот пат Куманово – Скопје загина 25 – годишно момче

септември 02
17:59 2013

policija325 годишниот Игор Н. од Крива Паланка го загуби животот во тешка сообракајна несреќа што се случи попладнево на стариот пат Куманово -Скопје, во атар на селото Љубодраг.

Со повреди на главата, градниот кош и на вратот момчето било примено на хируршкото одделение во кумановската болница но набрзо им подлегнало на повредите.

Повреденото лице е донесено во коматозна состојба со политрауматски повреди. И покрај интензивната терапија дадена од страна на екипата за реанимација момчето брзо почина бидејки тежината на повредите беше голема изјави Зоран Ѓорѓиевски хирург во Општа болница Куманово.

Кумановската полиција информира дека до сообраќајката дошло поради директен судир на возилата тико и пасат а допрва ке се утврдуваат околностите под кои се случила незгодата.

Игор загина како совозач во тикото кое се враќало од Скопје кон Куманово. Возачот 24 годишен паланчанец е задржан во кумановската болница.

Според она што тој го изјавил во болницата, неговото возило удрило на дупка на патот, поради што изгубил контрола и завршил на спротивната коловозна лента.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.