MKDNews.com

Во Струга и на 8-ми Септември Денот на независноста нема државни знамиња

септември 09
15:10 2013

На јарболите во Струга и на Денот на независноста 8 – ми Септември, не се вее македонското знаме. Во градот како да не се празнува денот на независноста на Р. Македонија, реагираат од невладината “Каприкорн 2010” Струга.
Ова е втор пат локалната самоуправа да не го истакнува македонското знаме. И на Илинден  градските  јарболи беа празни. – јарболите наменети за празнично

поставување на државното знаме и овој пат осамнаа празни и покрај ветувањето од минатиот пат на градоначалникот Села дека “ненамерната” грешка нема да се повтори.“Каприкорн 2010” апелира до општинските власти да не си поигруваат со националните чувства на стружани и пред се да ги почитуваат државните закони затоа што Струга била и се уште е дел од Р. Македонија,стои во писмената реакција   на “Каприкорн 2010” Стругa.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.