MKDNews.com

Во сообраќајка кај Куманово едно лице загина, а едно е тешко повредено

септември 08
14:19 2013

Педесет и едногодишниот Сулејман М.од Ростуша го загубил животот, а неговиот сопатник С.А. (44) се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случила синоќа околу 19 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во атарот на селото Ветуница, општина Ранковце.
Како што информира СВР Куманово, возачот Сулејман М., движејќи се кон Куманово со возило марка „опел вектра“ со гостиварски регистарски таблички, изгубил контрола над автомобилот и излетал од коловозот и се превртел неколку пати.

На местото на сообраќајната несреќа, починал 51 годишниот Сулејман, додека неговиот сопатник С.А., исто така од Ростуше се здобил со тешки телесни повреди, по што бил префрлен во Здравствениот дом во Крива Паланка, од каде по укажаната помош поради сериозноста на повредите е пренеден во Ургентен центар во Скопје.

По наредба на Истражен судија од Основен суд Куманово, телото на починатиот е предадено на обдукција.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment