MKDNews.com

Во Штип погребан Душан Радосављевиќ

септември 24
15:52 2013

Денеска по 14 часот во родниот Штип беше погребан Душан Радосављевиќ – Дуле, кој почина вчера на скоската Клиника. Од него се простија најблиските, роднините, пријателите, колеги од естрадата, граѓани на Штип.

Во Штип денеска е прогласен ден на жалост, знамињата се спуштени на половина копје, а точно на пладне пред Домот на културата „Ацо Шопов“, во чија сала Дуле и Коки беа победници на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 1997 година, со минута молчење граѓаните му оддадоа почит на својот драг сограѓанин. 

Сите жалат за Дуле кој беше познат лик низ кафулињата, каде што со години заедно со неговиот другар од дуото Коки, имаше вечерни настапи.

image

image

ФОТО: Телеграф

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.