MKDNews.com

Во Сани Бич го пречкртале знакот „МК“ на автомобил на скопјанец

септември 11
12:16 2013

Регистриран е уште еден случај на оштетување на возило на македонски турист во Грција, соопштува МВР. напоменувајќи дека со последниот, вкупниот број на вакви случаи летово, изнесува 63. На Граничниот премин “Богородица“, вчера С.А. од  Скопје, кој управувал со автомобил „бмв”, со скопски таблички, пријавил дека во местото Сани Бич со црвен спреј му биле пречкртан знакот „МК“.

Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција. Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна  на нашата гранична полиција биле регистрирани вкупно 63 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 23 случаи. Од сите случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција, но досега МВР сè уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба на регистарски таблички или оштетување на моторно возило и натаму предничи и изнесува 34, а останатите пријави се на лица од други места од државава.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment