MKDNews.com

Во продажба билетите за 32. Скопски џез фестивал

септември 12
20:50 2013

Пуштени се во продажба билетите за 32-то издание на Скопскиот џез фестивал, што оваа година ќе се одржи од 17-21 октомври. Цената на влезницата за првата вечер, на којашто во МОБ ќе настапи британско-словенечкиот тандем Еван Паркер/Златко Каучич како и експлозивните Британци Get The Blessing, изнесува 400 денари. Билетот за настапите на норвешкото дуо Сидсел Ендресен/Стиан Вестерхус и на квартетот на легендарниот американски гитарист Џон Аберкромби (18 октомври, МОБ) се продава по цена од 600 денари. Уживањето во балканската премиера на проектот “Balkan Fever” со харизматичниот диригент Кристјан Јарви, Македонската Филхармонија, Влатко Стефановски, Мирослав Тадиќ и Теодосиј Спасов (19 октомври, Универзална сала), ќе чини 800 денари. Исто толку чини и влезницата за следната вечер во Универзалната сала, на којашто ќе се претстави легендарната џез-пејачка Касандра Вилсон со бендот Harriet Tubman, како и џез-иконата Роско Мичел со своето трио. И конечно, за концертите на славниот Дејв Холанд и неговиот последен проект Prism и на новата ѕвезда на евопскиот џез Ибрахим Малуф, на последната фестивалска вечер во Универзалната сала, посетителите ќе плаќаат 600 денари. Полноќните концерти, што ќе се одржуваат од 18 до 21 октомври во Сити Хол Центар (поранешниот клуб „Хард-Рок“), со настапите на Reut Regev’s R*Time, Nicola Conte Combo, Peter Evans Zebulon Trio и Rob Mazurek & Sao Paulo Underground, ќе чинат 300 денари. Комплетот билети за сите вечери (вкучувајќи ги и полноќните концерти) се продава по цена од 2600 денари. Влезниците за 32. Скопски џез фестивал може да се набават во: Југотон Рекордс, Пола Југотон, МОБ, Универзална сала и на www.kupikartizase.com.

cw ja dh

rm4

32. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
>>>>17-21 октомври 2013

17 октомври
EVAN PARKER / ZLATKO KAUCIC • GET THE BLESSING
Македонска опера и балет | 20:00ч. | 400 ден.
18 октомври
SIDSEL ENDRESEN & STIAN WESTERHUS • THE ABERCROMBIE QUARTET
Македонска опера и балет | 20:00ч. | 600 ден.
REUT REGEV’S R*TIME
Сити хол центар | 24:00ч. | 300 ден.
19 октомври
“BALKAN FEVER” with KRISTJAN JÄRVI & MACEDONIAN
PHILHARMONIC ORCHESTRA feat. VLATKO STEFANOVSKI,
MIROSLAV TADIC & THEODOSII SPASSOV
Универзална сала | 20:30ч. | 800 ден.
NICOLA CONTE COMBO
Сити хол центар | 24:00ч. | 300 ден.
20 октомври
ROSCOE MITCHELL TRIO • HARRIET TUBMAN & CASSANDRA WILSON
Универзална сала | 20:00ч. | 800 ден.
PETER EVANS ZEBULON TRIO
Сити хол центар | 24:00ч. | 300 ден.
21 октомври
IBRAHIM MAALOUF ILLUSIONS • DAVE HOLLAND PRISM
Универзална сала | 20:00ч. | 600 ден.
ROB MAZUREK & SÃO PAULO UNDERGROUND
Сити хол центар | 24:00ч. | 300 ден.
КОМПЛЕТ БИЛЕТИ ЗА СИТЕ ВЕЧЕРИ (вклучувајќи ги и полноќните концерти): 2.600 ден.

ПРОДАЖНИ МЕСТА
ЈУГОТОН РЕКОРДС
ПОЛА ЈУГОТОН
УНИВЕРЗ. САЛА
МОБ
понеделник-сабота
понеделник-сабота
понеделник-сабота
понеделник-сабота
08:00-20:30
08:00-20:30
08:00-20:00
14:00-20:00
тел: +389 2 32 39 860
тел: +389 2 32 13 264
тел: +389 2 32 45 615
тел: +389 2 31 18 451

 

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment