MKDNews.com

Во Охрид заврши работата на полициските службеници од Србија

септември 14
17:24 2013

Денес заврши мисијата и работата на полициските службеници од Република Србија во Охрид .Нивната работна мисија е резултат на взаемна соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Србија и Република Македонија. Во текот на изминатите два месеци, во две работни групи во Охрид, престојуваа и заедно со македонските полицајци се грижеа за безбедноста на граѓаните и туристите вкупно четири полициски службеници од полициските управи во Белград и Панчево..

Заврши работата на полициските службеници од Србија 2

По повод успешното завршување на исклушително успешниот проект и работата на мешовитите македонско-српси полициски патроли денес полициските службеници Славољуб Стојилковиќ и Никола Мијиќ беа примени од советникот во општинскиот совет Александар Јанев.

-Соработката со колегите од Охрид беше професионална и успешна. Во однос на интервенциите немаше ништо што ја загрози нашата безбедност, граѓаните се задоволни, а исто и туристите, особено српските кои имаат каде да се обратат за помош и некако се чувствуваат посигурни, истакнаа српските полицајци.

Заврши работата на полициските службеници од Србија 1

Задоволство од успешната мисија и меѓусебна соработка го истакна и советникот Јанев кој посебно нагласи дека оваа соработка е пример како треба да соработуваат двете министерства но и пример за граѓаните од двете земји за меѓусебната блискост и нассока како врз основа на пријателство и почитување треба да се одвиваат односите меѓу двата народи,посебно затоа што српските туристи се едни од најбројните во Охрид.Тој ги покани двајцата полицајци и во иднина да доаѓаат во Охрид.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.