MKDNews.com

Во Македонија за еден век ќе има 1,3 милион жители?

септември 03
16:54 2013

До 2100 година планетата Земја ќе биде дом на околу 11 милијарди луѓе. Последниот извештај на Обединетите нации – „Предвидувања за светската популација: Ревизија 2012“ дава три сценарија (оптимистичко, песимистичко и средно) за движењето на светската популација, меѓу другото и за Македонија. Основните критериуми кои се земаат во проекциите се стапката на раѓање, на смртност и миграцијата.

Оптимистичките прогнози на Обединетите нации велат дека до 2100 година во Македонија ќе има за 10 проценти повеќе жители отколку во 2010 година, односно околу 2,3 милиона жители. Песимистичкото сценарио, пак, посочува дека за еден век во земјава ќе останат само 687.000 жители, а средното сценарио предвидува 1,3 милион жители во 2100 година.

Телеграф.мк направи интерактивен инфографик со податоците за Македонија и за светот, поделен по континенти, каде што поточно се гледа движењето на популацијата до 2100 година.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.