MKDNews.com

Во Јапонија живеат 55 илјади стогодишњаци

септември 13
19:18 2013

Скоро 55.000 Јапонци се постари од 100 години. Оваа неверојатна бројка покажува колку начинот и философијата на животот на жителите на оваа земја влијаат врз здравјето и врз долговечноста.

Во однос на минатата година во Јапонија уште 3.021 лице ја премина границата од 100 години,а сега ги има вкупно 54.397,колку што,на пример, има жители еден помал град во светот.

Од вкупниот број на стогодишњаци мажи има 6,791,што е околу 12 насто.Од друга страна, импресивната бројка од 47.606 жени ја покажува виталноста на Јапонките.

Се смета дека најстар жител на Земјата е Мисао Окава со 115 години.Родена е на 5 март 1898 година и веќе блезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар жител на планетата.

Најстар маж на светот е 112-годишниот жител на Њујорк Салустиано Санчез-Бласкес.Тој стана најдолговечен човек на Земјата годинава,кога почина 117-годишниот Јапонец Кимура.

Во Јапонија живеат 55 илјади стогодишњаци 1

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment