MKDNews.com

Во Гостивар, при копање темели откриени коски од непознато потекло

септември 20
10:24 2013

Откопани коски од неутврдено потекло ја прекинало изградбата на станбена зграда во Гостивар. Полицијата го обезбедува местото и се чека на вештак за да се отпочне утврдување дали коските се од човек или животно.

Според СВР Тетово, случајот во гостиварската полициска станица вчера го пријавил Љ.А. (43) сопственик на фирмата инвеститор на објект во градба на улицата „Илинденска“. Околу 18 часот, додека градежна машина (багер) изведувала подготвителни работи ископувала земја за темели на идна зграда, на длабина од околу два метри метри се појавиле коски.

Кога видел, машинистот Х.И. (55) запрел со работа.По пријавувањето бил известен и истражен судија, но заради мракот кој набрзо се спуштил, увидот е одложен за денеска. Во меѓувреме полицијата го обезбедува местото за да се изврши целосен увид со вештак-обдуцент кој треба да утврди дали коските се човечко или животинско потекло.

Според жителите во околните куќи, на местото каде што се откриени коските, немало гробишта, ниту пак таков случај бил забележан во минатото.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.