MKDNews.com

Во финалето на US Open ќе играат двете најдобри тенисерки

септември 07
17:10 2013

Серена Вилијамс (САД) и Викторија Азаренка (Белорусија) ќе играат во финалето на Отвореното тениско првенство на САД по синоќешните полуфиналните дуели во кои ги победија своите ривалки.

Во првото полуфинале Азернка ја совлада Флавиа Панета од Италија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2).

Поубедлива од неа беше Серена Вилијамс која со 2:0 ја победи На Ли од Кина со 6:0 и 6:3.

Билнасот на досега одиграните 15 мечеви меѓу годинашните финалистки на US Open е 12:3 во корист на Вилијамс.

Денеска се играат полуфиналните мечеви кај мажите. Двојките се:

Новак Ѓоковиќ (Србија) – Станислас Вавринка (Швајцарија)
Рафаел Надал (Шпанија) – Ришар Гаске (Франција).

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.