Во Брисел најден првиот американски антихитлеровски филм
Првиот американски филм кој предупредуваа на опасноста од националсоцијалистичкиот режим на Адолф Хитлер е пронајден во еден филмски архив во белгиската престолнина Брисел, каде лежел незабележан 75 години.
„Хилтеровото владеење на теророт” е наслов на филмот што го продуцирал Корнлиус Вандербилт, потомок на богато семејство на американски индустријалци, кој престојувал во Германија во 1933 година кога Адолф Хитлер дошол на власт.Филмот содржи снимки коишто Вандербилт ги направил и прокриумчарил од Германија, а кои прикажуваат нацистички собири, палење книги и претреси на еврејските продавници.На премиерната проекција во Њујорк во 1934 година, филмот доживеал голем успех, вели Бруно Местдаг, раководител на дигиталната документација во белгискиот филмски архив Cinematheque.„Германската амбасада во САД тогаш вложила протест и затоа филмот бил цензурира и преуреден, По тоа бил прикажуван и во други градови, но со помал успех”, вели Местдаг.
Верзијата од филмот откриена во Брисел најверојатно ја порачал некој кој имал намера да го прикажува филмот во Белгија, но никогаш не го добил и филмот ја преживеал војната и нацистичката окупацијата на некој од рафтовите во белгиската царина.Во текот на 1970-те години филмот бил пренесен во архивот во Брисел, кој содржи околу 70 илјади наслови, од кои 80 отсто се странски. На крајот, пред две години експертите сфатиле дека ја поседуваат единствената преостаната копија од овој филм.Филмот сега е обновен и ќе биде прикажан во октомври во њујоршкиот Музеј на современата уметност. (makfax.com.mk)
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment