MKDNews.com

Во Албанија убиени двајца бизнисмени

септември 02
18:01 2013

Во градовите Драч и Буклиза во Албанија убиени се во понеделникот претпладне двајца познати бизнисмени, албански државјани.
Првото убиство се случи околу 9 часот во албанскиот туристички центар Драч кога врз 40-годишниот бизнисмен Плаурант Цани, познат претприемач во градежништвото, напад извршиле две лица во моментот кога Цани пиел кафе во еден угостилески објект.

Второто убиство се случило во градот Буклиза, а жртва е 41-годишниот бизнимен Ќерим Марку, кој менаџира со компанија за хром. Во нападот, исто така, е потешко рането уште едно лице.

Прелиминарните истражни дејствија посочуваат дека и во двата случаи станува збор за расчистување сметки поради конкуренцијата во бизнисот. Полицијата обајви дека запопчнала интензивна и голема потрага по убијците.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment