MKDNews.com

ВМРО-НП: Во „Идризово“ ќе има место за сите

септември 20
18:50 2013

ВМРО-Народна партија ја поздравува изградбата на новиот Казнено-поправен дом во скопско Идризово, а воедно, велат од партијата, се воодушевени од веста за речиси двократното зголемување на капацитетот (од 900 на 1600 лица) со што всушност се испратила јасна порака до граѓаните дека не треба да се грижат за просторните услови во казнено поправните домови, бидејќи во новиот затвор ќе имало доволно простор и услови за „пријатен престој“.

– Долго време во нашето општество владеело погрешно мислење дека албанскиот етникум е главниот криминоген фактор и симбол за сите девијантни појави во Македонија. Но, со оглед на најновите активности на владеачката гарнитура слободно можеме да констатираме дека Македонците како народ го завземаа приматот на најкриминогена структура во македонското мултиетничко општество, а според изјавите на министерската за внатрешни работи, Македонците веќе го достигнале и врвот и го имаат дури и примарното место на Балканот во однос на извршувањето на тешки кривични дела. Па затоа јавно прашуваме, каков е доприносот на Власта во формирањето на една таква нова слика за македонското општество и македонската држава? Дали тоа значи дека македонците генетски се одредени да вршат криминални активности, а досега таквиот „атрибут“ Македонецот го чувал длабоко во себе па требаше власта како многупати досега повторно да му помогне да се спознае себеси – прашуваат од ВМРО-НП.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.