MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев го изигрува Законот за јавна набавка (видео)

септември 23
15:14 2013

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нови информации за градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ Зоран Заев во врска со јавните набавки во општината, оценувајќи дека „тие се поголеми од очекувањата на кого било“.

– Зоран Заев се опуштил и мислел дека Општина Струмица е негов приватен посед, а парите на граѓаните дека се пари со кои тој може да стопанисува без почитување на никакви морални стандарди, рече на денешната прес-конференција Александар Колев.Тој презентираше документи за нова јавна набавка, директно од Општина Струмица, која ја добила фирмата Јавор-Шпед која тогаш била во сопственост на Горан Крстев, а сега во сопственост на неговиот татко Симеон Крстев.

– Фирмата Јавор-Шпед ДООЕЛ на ден 10.10.2008 година склучува договор за јавна набавка со Општина Струмица во вкупна вредност од 18.234.587 денари во периодот кога Горан Крстев е сопственик на оваа фирма. Горан Крстев, покрај тоа што во Струмица е познат како личен пријател на Зоран Заев, е и бизнис партнер и ортак на братот на Зоран Заев, Вице Заев во фирмата “Сара Јавор Инжинеринг ДОО Струмица“, за што на една од претходните прес-конференции и ве информиравме.

Оваа јавна набавка не е дадена на фирма на братот на Зоран Заев, но е дадена на фирма на неговиот ортак. Провидно и наивно. Сега сите ние треба да веруваме дека се е чисто, рече Колев.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment