MKDNews.com

ВМРО – ДПМНЕ: Заев призна дека татко му добивал тендери

септември 17
16:34 2013

Заев призна дека татко му добивал јавни набавки од општинските институции. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше, Заев го потврди. 30.479.891 денари од сметката на Јавната Општинска Установа легнале на сметките на Панчо Заев, татко му на Зоран Заев, регираат од ВМРО – ДПМНЕ.

– Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше, Заев го потврди. 30 479 891 денари од сметката на Јавната општинска установа легнале на сметките на Панчо Заев, татко му на Зоран Заев. Станува јасно како се градела империјата Заеви.Со општинските пари трансферирани до приватните фирми на роднините и блиските луѓе на Заев, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Зоран Заев треба да престане да се прави жртва, зошто, како што оценува, „очигледно тој е човек кој добро знае како да го злоупотреби системот“.

– Ако ова го правел како градоначалник, можеме да замислиме што би правел ако еден ден му се оствари желбата да стане премиер. Како тргнал да се правда, еден ден ќе го чуеме дека „режимот” го натерал да им дава јавни набавки на својот татко и чичко. Господине Заев, во политиката треба морал, кој Вие во трка по пари за Вашата имеприја и октопод, очигледно сте го загубиле, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.