MKDNews.com

ВМРО-ДПМНЕ: Денес е 15 Септември на Зоран Заев -доделувал тендери на својот татко

септември 15
13:46 2013

Денес, на 15 Септември ќе обелодениме огромен скандал.

Денес е 15 Септември, но не само на Бранко Црвенковски.

Денес е 15 Септември на Зоран Заев ,обелодени Спиро Ристовски , како што рече, доказ дека Зоран Заев е длабоко заплеткан во еден систем на фамилијарна организираност и непотизам при доделување на јавните набавки во Општина Струмица и во институциите кои се во надлежност на Општина Струмица.
Ова што денес ќе ви го презентираме како информација и документи доволно говори дека Зоран Заев е длабоко заплеткан во еден систем на фамилијарна организираност и непотизам при доделување на јавните набавки во Општина Струмица и во институциите кои се во надлежност на Општина Струмица.

Ова што денес ќе го видите е само мал дел од Октоподот на Заев истакна на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски

Станува видливо сомнителното работењепри изборот на фирми за склучување на договори за јавни набавки на локалната власт во Струмица, предводена од градоначалникот Зоран Заев.

Во изминативе денови, до нас дојдоа документи со содржина и факти кои што ќе го потврдат и поткрепат ова наше сомневање за сомнително работење во Општината Струмица.

За што станува збор.

Фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО од Струмица, чиј сопственици се Панчо Заев, внимавајте, овој човек е татко на Зоран Заев, и Љупчо Заев, а овој човек е роден чичко на Зоран Заев, се јавува како учесник на распишаниот оглас од Јавната Општинска Установа “Детска радост”, која е во надлежност на Општина Струмица, за набавка на прехрамбени производи и средства за одржување на хигиена.

И секако, фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО во сопственост на таткото и чичкото на Зоран Заев ја добиваат оваа јавна набавка.Ова е класичен судир на интерес.

Фирмата ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО потпишува два договори за јавна набавка со Јавната Општинска Установа “Детска радост” во ист ден (11.04.2013),во вкупна вредност од 3.641.478 денари, односно 3.358.777 за првиот и 282.701 денар за вториот договор за јавна набавка, пари кои всушност одат на сметката на фамилијарната фирма на градоначалникот Заев, ЗОВИ-ПРОМЕТ ДОО.

Синот Заев, попатно и претседател на СДСМ, на фирмата на својот татко, преку институција за чие раководење и работење има надлежност како градоначалник, и доделува јавна набавка во висина од 3.641.478 денари.

Ова не е само сомнителен случај, ова ги поминува сите граници на одговорност спрема граѓаните.

Зоран Заев не е во политика за да работи за граѓаните, Зоран Заев е во политика заради остварување на профит на фирмите од Кланот Заеви.

Ова се цврсти докази,кои покажуваат дека раководењето на Зоран Заев со Општина Струмица е сомнително и има елементи на класичен судир на интереси.

Ова е доказ дека Зоран Заев и Бранко Црвенковски, воопшто не се разликуваат истакна  Спиро Ристовски

 

javnanabavka11

javnanabavka21ДПМНЕ

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment