MKDNews.com

Вилијам не е татко на кралското бебе?

септември 04
05:05 2013

Неверојатен скандал е на пат да се појави во кралскиот двор. Камила, маќеата на Вилијам, повторно го покажа својот познат карактер и ја нападна Кејт Мидлтон. Камила била сигурна дека принцот Вилијам не е вистинскиот татко на новороденотокралско бебе и инсистираат таа да го докаже спротивното преку ДНК тест, пишуваат медиумите на Островот.

Втората жена на принцот Чарлс дури почнала да го убедува Вилијам да ја принуди својата сопруга да направи тест за татковство, за да потврдат кој е вистинскиот татко.На тој начин Камила сака да го оцрни угледот на исклучително популарната во Велика Британија, а и во светот, Кејт Мидлтон. Според гласините, Паркер – Боулс се одлучи на чекорот, бидејќи Мидлтон не и дава да го гледа бебето.Војвотката од Кембриџ полудела од бес и била крајно навредена од грозоморното однесување на својата свекрва, гласат кралските озборувања.

“Камила направи скандалозното барање за ДНК тест. Таа се обидува да добие поени и популарност на грбот на Кетрин”, открива близок до палатата. Кејт се нервира не затоа што криела слична тајна, туку бидејќи веќе на неколку пати таа ги полнеше жолтите весници на Островот, кои само чекаат слична гласина, за да го урнат нејзиниот престиж.Уште пред појавата на Џорџ, Камила се обиде да и соли памет на Војвотката од Кембриџ, дека штом ќе му подари на Вилијам наследник, тој веднаш ќе си најде љубовница.

Непознато е зошто Паркер – Боулс во никој случај не може да се помири со фактот дека Вилијам и Кејт се вистински среќни, пренесуваат од Англија.Наскоро во етерот на Си-Ен-Ен ќе биде емитуван документарниот филм “Принцот Вилијам: Нов татко, нова надеж”, во кој војводата од Кембриџ ќе раскаже за својата нова улога на татко, за новороденчето и промените во својот живот.Во мрежата веќе се појавија два мали извадоци од филмот.

Во еден од нив радосниот татко вели дека во моментов за него се единствено важни неговиот син, неговата сопруга и неговото куче. Затоа сите обиди на Камила да ги скара сопружниците сигурно ќе претрпат убедлив неуспех.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment