MKDNews.com

Видео: Заев ја претвори Струмица во свој извор на бизниси и профити

септември 20
18:58 2013

Зоран Заев ја претвори општина Струмица во извор на бизниси и профити за него и фирмите од неговото семејство. Затоа веќе неколку дена молчи пред фактите, дека тој и неговото семејство преку јавните набавки кои ги склучувале нивните фирми добивале пари од граѓаните на Струмица, обвини на денешната прес – конференција Диме Спасов.
Според Спасов, направена е злоупотреба и кога фирмата „Тгропродукт ДОО увоз-извоз” од Струмица, за преработка на овошје и зеленчук, во периодот кога сопственик е Катерина Бојовиќ Заева, прва братучетка на Зоран Заев, склучува договор за јавна набавка со Јавното претпријатие „Комуналец” на ден 31.12.2010 година. Со оваа јавна набавка, информира, се обезбедени феферони, цвекло, корнишони и мешана салата во вредност од дури 109.447 денари. И ден денес оваа фирма, истакна, ја водат стрината на Зоран Заев, Убавка Заева и нејзината ќерка Катерина Бојовиќ Заева.

– По се изгледа не постои јавно претпријатие или институција под надлежност на општина Струмица од која фирмите од фамилијата Заеви не добиле јавна набавка и не заработиле пари, рече Спасов. Оцени дека веќе не се работи за тоа дали Заев има доделувано средства на фирми на негови блиски или не, туку се работи за тоа зошто и уште колку средства, пари на струмичани, завршиле во фирмите на семејството Заеви.

– Овие факти говорат за вашата моралност и чесност. По сево ова, на струмичани, а и на сите граѓани на Република Македонија, им станува совршено јасно, како Вие со градоначалничка плата сте стекнале толкав имот и како сте ја создале мрежата на фирми кои директно или индиректно се поврзани со Вашата фамилија, изјави меѓу другото Диме Спасов.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.