Венизелос од Ахмети побарал да се затвори прашањето за името
Претседателот на ДУИ иницирал да се разговара и за прашањето за името, за кое вели дека мора да се реши, бидејќи на нашата земја и е потребна што поскоро евроатлантска интеграција,јави Канал 5.
Грција секогаш ќе биде од полза и ќе помогне регионот и Македонија да бидат дел од НАТО и ЕУ – ова е пораката која што Ахмети ја добил од Венизелос по денешната средба.
Претседателот на ДУИ иницирал да се разговара и за прашањето за името, за кое вели дека мора да се реши, бидејќи на нашата земја и е потребна што поскоро евроатлантска интеграција, но за конкретни предлози од медијаторот, не станало збор.
„Грција е за интеграција на нашата земја во сите овие структури но истовремено бара затварање на ова прашање. И затоа останува да биде една тема која бара залагање од ОН посебно од Нимиц кој што набргу може да го посети регионот. “ – рекол Ахмети по средбата.
На прашањето на Канал 5, дали постоела согласност во владата за посетата на Атина, Ахмети вели дека е нормално Груевски да биде известен.
„ДУИ има своја политичка платформа како за внатрешната така и за надворешната политика, но никогаш не дејствува и не работи без коалициониот партнер да биде информиран. Секако и нормално е дека Груевски е информиран како и за минатите, така и за денешната но и за идните посети, како коалиционен партнер. “ – вели Ахмети. На нашето прашање дали станала збор за евентуално и можна средба Груевски – Самарас, лидерот на ДУИ рече дека не било споменато ништо такво.
Претседателот на ДУИ, во грчкото МНР беше топло пречекан од поранешната грчка амбасадорка во Скопје, додека пак средбата со Венизелос се покажа како целосно неинтересна за грчките новинари. Ниеден од нив не се појави во грчкото МНР.
Пред посетата на грчкото МНР, Ахмети го посети министерството за одбрана и се сретна со Димитрис Аврамопулос
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment