MKDNews.com

Узунов: Дали оваа влада и буџетот го смета за „документ напишан на тоалетна хартија“? (видео)

септември 01
18:27 2013

Потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов обвини дека Владата два месеци доцни со законската обврска да достави завршна сметка за буџетот за 2012 година Тој рече дека во развиените држави за недоставување завршна сметка за буџет, односно за недавање целосен и издржан отчет за трошењето на парите на граѓаните „паѓа“ барем министерот за финансии.

– Но, власта во Македонија може да прави што сака. Во 2012 година Владата има потрошено над 2,5 милијарди евра пари на граѓаните, а око не и трепнува да даде отчет за тоа! „Согласно Законот за буџетите, Владата е должна, најдоцна до 30 јуни во тековната година, до Собранието на РМ да достави Завршна сметка за буџетот за претходната година. До денес, два месеци по изминување на законскиот рок, Владата до Собранието нема доставено завршна сметка за Буџетот за 2012 година. Зошто? Ако граѓанин на Македонија задоцни само еден ден над еден месец со регистрирање на своето возило, ќе биде казнет со 500 евра. Ако граѓанин на Македонија не достави навремено даночна пријава за персонален данок од доход, ќе биде казнет од 500 до 1000 евра, ако претпријатие не достави навремено завршна сметка, ќе биде казнето, самото претпријатие со казна од 1.500 до 3.000 евра, а неговиот директор од 500 до 1000 евра„ истакна Узунов.

Тој праша зошто и два месеца по истекот на законскиот рок владата нема доставено завршна сметка за буџетот за 2012 година и дали таа нешто крие.

-Дали неподнесувањето на завршната сметка треба да се поврзе со фактот дека, преку буџетот, владата во 2012 година потрошила над 100 милиони евра повеќе од тоа што смеела!? Имено, согласно ребалансираниот буџет за 2012 година, Владата требала да потроши 149.500 милиони денари; но, согласно податоците објавени на официјалната веб – страница на Министерството за финансии, таа потрошила 155.800 милиони денари, односно, наместо дефицит од 2,5% од БДП, во 2012 година е направен дефицит од 3,9% од БДП. Најважно, разликата од над 100 милиони евра не е озаконета од Собранието, кое ја има исклучивата надлежност за тоа. За каква тоа отчетност во работењето се фали Владата кога, за најзначајниот документ што го озаконува трошењето огромни пари на граѓаните, таа не доставува отчет? Конечно, дали оваа влада и буџетот го смета за „документ напишан на тоалетна хартија“? – праша Узунов.

Повеќе од видеото

Владеачката партија со одговор на прес-конференцијата на Ванчо Узунов

vmro-dpmneПодатоците за државните финансии се јавни и достапни до сите граѓани на Република Македонија и до меѓународните финансиски институции во кои членуваме, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ванчо Узунов, која ја смета за „очаен чекор на СДСМ за привлекување внимание и извртување на вистината“.

– ММФ потврди во својот извештај дека Македонија има ниско ниво на државен долг, како и умерен буџетски дефицит. Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа, а шефицата на мисијата на ММФ при својата последна посета јавно го демантираше СДСМ во нивниот обид да прикажат дека Македонија ја очекува грчко сценарио. Катаклизмичните претскажувања на експертите на опозициската партија никогаш не се реализираа. Така беше и со заговарачот на девалвацијата Зоран Јовановски, така е и сега со неговата замена Ванчо Узунов, стои во реакцијата на владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ во дописот наведува дека платите и пензиите редовно се исплаќаат, како и субвенциите и обврските кон стопанството, за разлика од СДСМ која додека била на власт и покрај суфицит во буџетот доцнела со исплатата на пензиите.

– Во земјава во најтешкиот период за европската економија влегуваат и инвестираат странски компании и отвораат голем број нови работни места. СДСМ не можеше тоа да го постигне кога светската економија го доживуваше економскиот бум, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.