„United Airlines“ продаваше летови за Хаваи за 10 долари (фото)
Една од најголемите авиокомпании во САД, „United Airlines“, заради човечка грешка неколку часа продавала карти за своите летови по цена од нула па пет и десет долари , во двата правци
Forbes, пишува дека од патниците се барало да ја платат само таксата за безбедност во износ од 2,5 долари, а останатите такси биле избришани.Вообичаената цена на различните надоместоци по патник (без цената на авионската карта) изнесува околу 22 долари.
“Јас проверив летови за денот на благодарноста – 5 долари до Сан Франциско, 5 до Лос Анџелес,5 до Сан Диего ги проверив Мајами и Тампа, 5 долари… некој се шегува со мене “, вели Џексон која купила карта преку united.com.
Дин од Луизијана вели дека купил авионската карта за Хаваи која вреди 1200 долари за само 10. “Очекував да портошам околу 1100 до 1200 долари за авионската карта за Мауи Хаваи, а јас ја добив за 10 долари”, изјавил Дин, кој приложил фотографија од авионската карта.
Кога грешката била забележана, сајтот united.com ги сторнирал резервациите и купувањето карти за летовите, подоцна страницата била обновена. Во компанијата не можат да кажат колку карти продале по цена од 22 долари.
„United Airlines“ најави дека ќе ги дозволи купените карти за 5 или 10 долати да се важечки.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment