MKDNews.com

Удар во шлепер го спасил од провалија (ФОТО)

септември 23
19:53 2013

На регионалниот пат Берово- Струмица, во близина на рудникот Огражден, синоќа околу 20 часот се случи сообраќајна несреќа. Додека автомобилот марка „Цитроен“ се движел во правец на Струмица откажала работата на воланот, пишува порталот Струмица денес.

Во истиот момент на патот во спротивна насока кон „Суви Лаки“ поминувал шлепер во кој „цитроенот“ удрил и го избегнал падот во провалијата кај рудникот Огражден. Предизвикана е само материјална штета, но за среќа нема повредени.

image

извор: Струмица денес

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.